Челси ја одби понудата од 20 милиони евра за Емерсон Палмиери, но Интер планира да ја зголеми на 30 милиони доколку во трансферот биде вклучен и Оливие Жиру.
Емерсон е прв избор на Интер за позицијата на лев бек, но „Тутоспорт“ објави дека нема да биде ефтин затоа што Челси бара 30 милиони евра.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Во секој случај, Интер повторно покажа интерес за Жиру и ќе се обиде да го убеди раководството на Челси да го пуштат Французинот.
И покрај тоа што потпиша нов договор, 33-годишниот напаѓач сигурно нема да биде прв избор на Франк Лампард бидејќи на „Стемфорд Бриџ“ ќе пристигне Тимо Вернер.