Дома Фудбал Италија Конте пред враќање на фудбалот – добил понуда каква што чекаше!

Конте пред враќање на фудбалот – добил понуда каква што чекаше!

Поранешниот тренер на Интер и Тотенхем, Антонио Конте е се погласно се најавува како нов тренер на Наполи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На почетокот на оваа сезона Конте одби да го преземе клубот од Неапол, но се чини дека ситуацијата е променета откако постојано има контакти меѓу двете страни, односно првиот човек на клубот Аурелиус де Лаурентис и италијанскиот стратег.

Како што пренесува „Ил Матино“, Конте добил голема понуда од Де Лаурентис. Наводно ќе има целосна контрола врз трансфер политиката, поточно ќе може да одреди кој ќе дојде во клубот и кој евентуално да биде продаден. Бидејќи долго време не добил понуда во која ќе има комплетна контрола Конте наводно е и тоа како заинтересиран.

Се разговарало и за условите, а тие подразбираат 8.000.000 евра по сезона. Исто така, се наведува дека односите помеѓу него и Де Лаурентис се одлични и дека формално ќе разговараат за понудата на крајот од тековниот месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кејн: По постигнатиот гол само се браневме. Тоа не е доволно на ова ниво.

Англиските фудбалери на неочекуван начин останаа без место во финалето на Светското првенс…