Дома Актуелно Конте порачува: Ќе се бориме за титулата

Конте порачува: Ќе се бориме за титулата

Италијанскиот стручњак на клупата на Челси, Антонио Конте порача дека неговиот тим ќе се бори за титулата во Премиер лигата.

Челси го победи Брајтон на Стемфорд Бриџ со головите на Алваро Мората и Маркос Алонсо и ја продолжи низата од четири натпревари без пораз во првенството.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Игравме добро, имавме 25 шутеви, осум во рамките на голот и поголем посед на топка. Доминиравме на ист начин како и на натпреварот против Евертон, а разлика е во тоа што сега постигнавме погодоци. Имавме многу шанси за убедлива победа.“ – изјави Конте, а пренесоа британските медиуми.

„Имаме голем мотив да се бориме до самиот крај за титулата. Не знам дали ќе успееме, бидејќи тоа зависи од Манчестер Сити, кој направи фантастична низа.“ – додаде Конте.

Челси е трет на табелата со 13 бодови заостанување и натпревар повеќе од првопласираниот Сити.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Конате даде гол за Ливерпул, па почна да плаче како мало дете (Видео)

Ливерпул го доби дербито против Њукасл со 4-1, а големо внимание привлече Ибрахима Конате …