Дома Фудбал Англија Конте откри дека Ериксен може да се врати во Тотенхем

Конте откри дека Ериксен може да се врати во Тотенхем

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте призна сека Кристиан Ериксен може изненадувачки да се врати во клубот на лето.

Ериксен потпиша 6-месечен договор со Брентфорд, а доколку покаже дека може да игра во Премиер лигата, Конте е спремен да го врати во Тотенхем.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Ериксен после срцевиот удар на ЕП не му беше дозволено играње во Серија А и го раскина договорот со Интер.

„Искрено бев изненаден од ситуацијата, бидејќи мислев дека на Кристијан му е потребно повеќе време да се врати во Англија. Секако, Ериксен е дел од приказната на Тотенхем и да се врати тука би била одлична шанса за него, за мене и за клубот. Но, сега има договор со Брентфорд во следните шест месеци и ќе видиме што ќе се случи потоа“.

„Се сретнав со него во неделата и беше убаво да се види со неговото семејство. На теренот во Интер имавме добро искуство, поминавме две убави сезони. Не знаеме што ќе се случи во иднина, но би било добро да работиме заедно“, изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рускиот фудбал е суспендиран, но добива милиони од УЕФА и ФИФА

Европската и светската фудбалска федерација уплатиле пари на сметката на Руската фудбалска…