Дома Фудбал Италија Конте не се откажува од платата, си оди од Интер

Конте не се откажува од платата, си оди од Интер

Интер после повеќе од една деценија ја освои шампионската титула, но финансиската ситуација во клубот е катастрофална.

„Нероаѕурите“ во текот на целата година имаа проблем со исплаќање на платите, а сега од раководството на клубот потврдија дека ситуацијата е критичнa.

„Скај Спорт“ пишува дека сопственикот на Интер Стивен Жанг, од Конте и од фудбалерите побарал да се откажат од две плати како финансиски би му помогнале на клубот.

Наводно Конте ја одбил оваа опција и е спремен да го напушти клубот по завршувањето на сезоната. Тој не само што не се согласил да се откаже од платата туку и бара гаранции дека тимот ќе биде засилен.

Дел од големите ѕвезди на тимот се загрижени и се спремни да побараат трансфер ако Конте си замине од кормилото на Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Џексон и Делап донесуваат на Челзи над 120.000.000 евра!

Николас Џексон и Лијам Делап, како трет и четврт избор на позицијата напаѓач, ќе му донеса…