Дома Фудбал Останато Конте му поставил услов на Интер: Ако ме сакате мене, доведете го него!

Конте му поставил услов на Интер: Ако ме сакате мене, доведете го него!

Антонио Конте многу се поврзува со седнување на клупата на Интер во последно време, а сега во медиумите се појавија и информации за неговиот последен услов.

Поранешниот тренер на Јувентус наскоро би можел да би промовиран како нов тренер на Интер, иако претходно постоеа најави и дека може да седне на клупата на Рома или да се врати во Јувентус.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Конте од кога доби отказ во Челзи пред почетокот на оваа сезона која завршува е без ангажман.

Денес медиумите во Италија пишуваат дека Италијанецот на Интер му поставил услов да му се доведе еден играч за да седне на нивната клупа.

Имено, тој од Интер побарал гаранција дека ако седне на клупата ќе му биде доведе Томас Парти од Атлетико Мадрид.

Очигледно Конте смета дека фудбалерот од Гана е делот кој недостасува во средниот ред на тимот од Милано. Се потенцира дека Конте им порачал дека не сака да преговара, туку дека мораат да го доведат Парти ако сакаат тој да ги води во наредната сезона.

Иако звучи малку претерано, се очекува „нероаѕрите“ да тргнат по потписот на играчот за врска на Атлетико Мадрид. Позитивна работа за Интер е што на „Ванда Метрополитано“ се спремаат за реконструкција, па би можеле да прифатат адекватна понуда за услугите на Парти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…