Дома Фудбал Италија Конте: И Ибрахимовиќ да останеше во натпреварот ќе победевме

Конте: И Ибрахимовиќ да останеше во натпреварот ќе победевме

Вчера гледавме фантастично дерби помеѓу Интер и Милан, а на крајот славеа „нероаѕурите“ со 2:1.

Златан Ибрахимовиќ ги доведе „росонерите“ во водство, за потоа да влезе во жестока расправија со Ромелу Лукаку. Многу брзо по стартот на второто полувреме Ибрахимовиќ за еден старт доби втор жолт картон и беше испратен во соблекувалната. За Интер погодуваа Лукаку од пенал и Ериксен од слободен удар во последните минути од мечот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Антонио Конте смета дека Интер ќе победил и Ибрахимовиќ да останел на теренот.

„Ќе играме полуфинале втора година во низа. Затоа играчите заслужуваат честитки, имаа одличен пристап од почетокот до крајот. Беше ова тежок натпревар, Милан е силен тим кој е и лидер во првенството. И да останавме 11 на 11 ќе направевме пресврт, резултатот се додека губевме не беше праведен, имавме иницијатива и цело време создававме шанси. Нивниот голман беше играч на натпреварот“.

За жестокиот дуел на Ибрахимовиќ и Лукаку.

„Ова е дерби, не е прошетка низ парк. Неизбежно е да има тензија. Бев и јас играч и знам колку е тешко да се контролирате кога некој ќе ве изнервира. Добро е што Лукаку во продолжение остана прибран. Победата ја посветувам на нашите навивачи“.

Ериксен нема да замине.

„Цел месец ви зборувам, ова е тимот на Интер! Никој нема да дојде, никој нема да замине. Колку и тоа да го зборувам никој не ми верувам. Со Ериксен работиме на тактички план за да имаме алтернатива за Брозовиќ. Кристијан е интелигентен човек, среќен сум за неговиот гол“, изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Малку недостасувало за трагедија: Бендтнер нападнат со нож на улица во Њујорк! 🎥

Поранешниот дански фудбалер Никлас Бендтнер бил нападнат со нож на улиците во Њујорк. Инци…