Плејмејкерот на Тотенхем, Кристиан Ериксен најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Интер, пренесуваат италијанските медиуми.
„Газета дело Спорт“ тврди дека двете страни се во напреднати преговори и дека конечниот договор е само прашање на време. „Нероаѕурите“ му предложиле на Ериксен договор до 2024 година според кој ќе заработува 10 милиони евра по сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според извор близок до агентот на данскиот фудбалер, тој веќе постигнал комплетен договор со „нероаѕурите“ и наскоро се очекува да бидат ставени потписи.
Идејата на двете страни е договорот да биде потпишан сега, а Ериксен да пристигне во Милано на лето како слободен агент.
Меѓутоа, Антонио Конте инсистира Ериксен да пристигне веднаш, па двата клуба наскоро ќе седнат на преговори, а Интер ќе се обиде да ја намали сумата од 20 милиони евра која ја бара Тотенхем.