Неодамна се појавија гласини дека Алесандре Пато може да се врати во Милан, а сега се во медиумите повторно пишуваат на оваа тема.
Милан подолг период се поврзуваше со Златан Ибрахимовиќ, но потоа шведскиот напаѓач порача дека е спремен да остане во Галакси уште една сезона, па во Милан се насочија кон нови опции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Една од нив е Пато.
Според информациите Милан веќе воспоставил контакт со Пато кој две години игра во Кина. Бразилецот со кинескиот клуб има договор до крајот на 2019 година и наводно Милан е спремен да го купи, но под еден услов.
Пато нема ништо против враќање во Милано, но за оваа можност да стане реалност Пато мора да прифати намалување на примањата. Овој напаѓач има 29 години и во Кина според сегашниот договор добива околу девет милиони евра.
Бразилецот во Милан помина шест сезони и успеа да постигне 63 погодоци, освои и едно Скудето. Во Кина на 59 натпревари 36 пати се запиша во листата на стрелци.