Денешното издание на „Тутоспорт“ пренесува интересна вест.
Имено, додека Масимилијано Алегри го припрема тимот за финалето во Лигата на шампионите, генералниот директор Марота и спортскиот Паратичи на големо работат на засилувањата за следната сезона и тоа не на било кој, туку најголемата млада ѕвезда во oвој момент Килијан Мбапе.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Сепак, во овој момент рано е да се зборува за нешто посериозно, но едно е сигурно Јувентус се обидува.
Алегри можеше и на дело да се увери во квалитетите на младата ѕвезда со оглед на тоа дека Монако токму од Јувентус беше елиминиран во двомечот од полуфиналето со вкупни 4:1. Единствениот гол за клубот од Кнежеството беше дело токму на Мбапе.
Засега како најсериозен кандидат се споменуваше, кој друг, ако не Флорентино Перез и Реал Мадрид.
Покрај контактот со Мбапе се наведува дека Јувентус се распрашувал уште за Бакајоко, Фабињо и Лемар.