Дома Фудбал Лига на шампиони Консеисао: Лаутаро треба да биде суспендиран за реваншот

Консеисао: Лаутаро треба да биде суспендиран за реваншот

Тренерот на Порто, Серџо Консеисао призна дека Интер засилужено победил во првиот меч од осминафиналето на „Џузепе Меаца“.

Сепак, Консеисао не пропушти да напомене дека Лаутаро Мартинез требало да добие жолт картон за стартот над Пепе, што ќе значеше суспензија за реванш осминафиналето.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Убеден сум дека Лаутаро мораше да добие жолт картон за стартот над Пепе. Тој треба да биде суспендиран за реваншот, но за жал нема да биде така поради одлуката на судијата“.

„На крајот, сметам дека резултатот е фер. Интер беше интензивен во последните 10 минути и беше многу тешко за нас. Отавио доби црвен картон, оправдано го доби, но имаше и играчи на Интер кои требаше да добијат опомени“, истакна Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …