Eден од најдобрите голмани во светот, Мануел Ноер конечно наскоро повторно ќе го гледаме на терените, потврди тренерот на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес.
Хејнкес после победата против Бешикташ во Лигата на шампионите, откри дека Мануел Ноер ќе се врати на голот на Баерн најдоцна во текот на следниот месец.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тоа практично значи дека Ноер ќе биде спремен за финишот од Лигата на шампионите, но и за Мундијалот во Русија, што е многу поважно.
Ноер во последните 12 месеци три пати заработуваше скршеница на стапалото, одигра само три натпревари и тоа во август. Сепак неговото отсуство поради големиот квалитет на Баерн не се почуствува премногу, додека во репрезентацијата на Германија негова резерва е одличниот Марк-Андре Тер Штеген.