Десниот бек на Реал Мадрид, Дани Карвахал готово сигурно ќе биде спремен за големото градско дерби со Атлетико Мадрид, тврдат шпанските медиуми.
Карвахал ги пропушти последните два натпревари со Еспањол и Севиља, но денес тренираше регуларно со остатокот од тимот.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Ова е добра вест за Лопетеги со оглед на фактот што нема да може да смета на Марсело за дербито против Атлетико.
Доколку Карвахал биде во стартниот состав, тогаш Начо ќе се пресели на леваката бековска позиција и ќе го замени Бразилецот.