Дома Топ вести Конечно: Барди се врати во тимот на Леванте!

Конечно: Барди се врати во тимот на Леванте!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди после пауза од 71 ден, откако последен пат на 8. ноември играше за Леванте конечно се најде на списокот повикани играчи за овој тим.

Барди е повикан за денешниот натпревар со Кадиз од 19 часот во рамките од 19. коло во Ла Лига.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Ќе потсетиме, Барди се повреди на тренингот во Скопје пред историскиот натпревар за пласман на Европското првенство против Грузија. Поради таа повреда Барди ги пропушти уште дуелите со Естонија и Ерменија, додека Леванте на него не можеше да смета цели 12 натпревари.

Веќе три недели Барди тренира, а сега го дочека и моментот да се врати на терените. Ќе видиме дали стратегот на Леванте Пако Лопез ќе се реши да му даде шанса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо го носи Де Брујне во Ал Наср

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, би можел да го напушти клубот и кариерата да …