
Навивачката група на Вардар „Комити“ пред повеќе од еден месец започна акција со продажба на виртуелни билети со цел да му помогне на Вардар во тешката ситуација.
Акцијата наречена „Купи билет за спас на Вардар“ се покажа како фантастичен потег на навивачите затоа што целиот стадион беше распродаден.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Денес тие дадоа отчет пред јавноста и соопштиа дека се продале вкупно 33.381 билет што е рекорд кога станува збор за еден спортски настан во нашата држава, а собрани беа 3.338.100 денари.