Со години грчкиот фудбал е во проблеми поради хулиганизам, местенки, наcилства, финансиски проблеми…Падот е очигледен и о тоа што клубовите се се помалку конкурентни во Европа.
Сега ни пристигнува една трагикомочна ситуација и тоа од грчката Суперлига. Натпреварот помеѓу Атромитос и АЕК Атина беше одложен, а причината е неверојатна за натпревар од највисока конкуренција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, одговорните лица на натпреварот одлучиле натпреварот да не се игра откако бил утврдено дека двата голови не биле според пропишаната висина.
Прво натпреварот се пролонгирал за половина час, но откако не успеале да се средат поправките донесена била одлука за одложување на средбата.
Засега не е јасно дали головите пропаднале во тревата поради некоја причина или пак цело време биле пониски само никој не забележал. Треба да се знае и дека АЕК во овој момент еден од најсилните тимови во лигата и се бори за титула со Панатинаикос.
Grecja, mecz Atromitos – AEK.
— Adam_Kotleszka ⚽🇺🇸🇦🇺🇨🇦🏝️ (@Adam_Kotleszka) February 5, 2023
Boisko w miejscu linii bramkowej było przekopane, różnice w wysokościach bramek wynosiły po kilka centymetrów. Po godzinie od planowanego startu, mierzeniu bramek miarką przez organizatorów i sędziów, mecz w końcu przełożono.
Grecka egzotyka 🙂 pic.twitter.com/mt7yD59Nu2