Целиот свет е во исчекување на расплетот на Јужноамериканските квалификации, особено расплетот на Аргентина на која и виси дури и пласманот за бараж.
Меси и дружината моментално се наоѓаат на 6-то место во групата (5-то место води во бараж) и во последното коло му гостуваат на Еквадор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Доколку „гаучостите“ остварат победа против Еквадор тогаш сигурно ќе се пласираат најмалку во баражот, а во зависност од другите резултати може да се пласираат и директно на СП.
Што ќе се случи при реми со Еквадор
-„Гаучосите“ би се пласирале во Русија ако Колумбија слави против Перу, Чиле изгуби од Бразил со два гола разлика и ако Парагвај слави против Венецуела.
-Ако Колумбија слави против перу, а Парагвај ремизира со Венецуела = Аргентина во бараж.
– Аргентина ќе оди во бараж и ако Перу ја победи Колумбија, Чиле загуби од Бразил со 2 или повеќе разлика.
Ако Перу ремизира против Колумбија, Чиле загуби со два разлика, а Парагвај не ја победи Венцуела – Аргентина повторно оди во бараж.
Пораз од Еквадор
Аргентина може да избори бараж и при случај на пораз, но само доколку Перу загуби од Колумбија со 2 или повеќе гола разлика, а Парагвај не ја совлада Венецуела.