Дома Фудбал Останато Колумбија поради местенка останува без СП? Еве кој би добил најмногу поради тоа

Колумбија поради местенка останува без СП? Еве кој би добил најмногу поради тоа

Колумбиската репрезентација избори директен пласман на Светското првенство следната година во Русија, но лесно би можела да остане без тоа доколку се докаже дека има вистина во доказите дека „играчите меѓусебно се договориле и одлучиле да ремизираат“.

Договорот се случи на натпреварот помеѓу Колумбија и Перу кога напаѓачот на Монако, Радамел Фалкао „преговараше“ со фудбалерите на Перу. Поади тоа, на Колумбија им беше доволно реми за диектен пласман на СП, додека и на Перу им одговараше за дополнителни квалификации против послабиот противник Нов Зеланд.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


А дека нешто се подготвуваше, потврди и играчот на Феенорд и член на репрезентацијата на Перу, Ренато Тапија.

„Пет минути пред крајот на натпреварот Колумбијците дојдоја до нас. Знаеа каква е ситуацијата на другите терени. Фалкао дојде до мене и ми рече дека и ние и тие сме внатре. Сите бевме среќни поради тоа и натпреварот беше одработен така како што требаше“, изјави 22-годишниот фудбалер на Феенорд.

Во правилата на ФИФА, поточно во поглавјето кое се занимава со наместени натпревари, стои дека вакви договори меѓу играчите би можеле да бидат казнети со исфрлување од натпреварувањето или одземање на бодови.

Од овој расплет најмногу би профитирал Чиле, а доколку без СП остане и Перу, Парагвај е првиот кандидат за бараж.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Левандовски на раскрсница: Да направи чекор кон пензија или „топот“ уште функционира?

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски за неколку месеци останува без договор со Барселона. П…