Дома Фудбал Англија Кое е момчето кое беше зад Мурињо?

Кое е момчето кое беше зад Мурињо?

Жозе Џуниор, во семејството Мурињо познат како Зука, беше меѓу членовите на стручниот штаб на Манчестер Јунајтед.

Јунајтед вчера славеше против Свонси со 2:0 на „Олд Трафорд“, а покрај Мурињо, со вообичаените членови на стручниот штаб, беше и неговиот син Зука. Синот на Мурињо беше во целосна опрема, но не е познато колку беше активен за време на натпреварот и дали на некаков начин допринесе за победата на „Црвените ѓаволи“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Кога загубивме од Вотфорд и Сити во септември 2016. година, син ми дојде со некои статистики, а јас и моите помошници рековме да бидеме внимателни и дека еден ден ова момче ќе завземе некое од нивните места. Таков бев и јас во тие години и на разни начини сакав да му помогнам на мојот татко“, изјави Мурињо.

Синот на Мурињо потпиша двегодишна стипендија како голман во Фулам 2016. година, но неговиот договор беше поништен со заемна согласност во март минатата година. Изгледа дека, исто како неовиот татко, сфатил дека повеќе би можел да биде добар како тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака Камавинга

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за ѕвездата на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга. Ру…