Фудбалерите на Челзи на „Стенфрод Бриџ“ во вчерашното дерби против Манчестер Јунајтед, славеа со минимални 1:0.
„Сините“ во овој натпревар ја прекинаа лошата серија на најдобар можен начин и тоа со победа против стариот ривал. Одлучувачкиот момент се случи кон средината во второто полувреме кога Алваро Мората ја затресе мрежата на „црвените ѓаволите“.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Но, интересно беше и на трибините каде што фоторепортерите забележија интересен детал. Имено, вчерашниот натпревар помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед го следеше скаутот на Барселона, Роберт Фернандез кој е задолжен за доведување фудбалери на „Ноу Камп“.
Како што пишува „Тhe Sun“, скаутот го следел Ентони Марсијал кој во јануари би можел да се пресели на „Ноу Камп“.
