Дома Фудбал Италија „Кога Роналдо ќе започне да погодува ќе го молите да престане“

„Кога Роналдо ќе започне да погодува ќе го молите да престане“

bernardeschi ronaldo

Во Јувентус изгледа и не се премногу загрижени за голгетерскиот пост на Кристиано Роналдо кој се уште чека на својот првенец во официјален натпревар за новиот клуб.

Крилниот напаѓач на Јувентус, Федерико Бернардески воопшто не е загрижен што Роналдо на стартот од сезоната не е лидер на неговиот тим. Португалецот после првите три кола упати 23 удари кон противничкиот гол, но се уште не „поентирал“.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Бернардески беше запрашан за разликата која ја направил Роналдо со трансферот во Торино ова лето.

„Кристиано? Имам привилегија да тренирам со него секој ден, а за млад фудбалер како мене тоа од огромна важност. Се обидувам да учам од него, тој е голем мајстор. Перфекциониста. Норамален тип на теренот и многу позитивен надвор од него. На себе има голем притисок бидејќи се уште не постигнал гол, но кога ќе започне да погодува ќе го молите да престане“, изјави Бернардески.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

УЕФА ги одреди судиите за натпреварот Македонија – Летонија

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе го игра натпреварот против Летонија во ра…