Дома Фудбал Клупските лекари му помогнаа на навивач на трибините. Погледнете ја реакцијата на ѕвездата на Билбао

Клупските лекари му помогнаа на навивач на трибините. Погледнете ја реакцијата на ѕвездата на Билбао

Атлетик Билбао на домашен терен ја победи Џирона со 3:2 во натпреварот од 25. коло на шпанската лига.

Два гола за победничката екипа постигна Алекс Беренгер и еден Инаки Вилијамс. За Џирона погодија Виктор Циганков и Ерик Гарсија. Поразот од Џирона му одговара на Реал, кој ја задржа предноста од шест бода.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Натпреварот накратко беше прекинат по вториот гол на Џирона во 75. минута, бидејќи лекарите укажаа помош на навивач на трибините.

Шпанските медиуми пишуваат дека се работело за епилептичен напад. За среќа, се беше во ред со него на крајот и играта продолжи.

За време на паузата атмосферата на Сан Мемес беше морничава. Навивачите замолкнаа, а ѕвездата на Атлетик Билбао Инаки Вилијамс беше видно вознемирен. Камерата го фати како се моли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо откри дали би се вратил во Реал Мадрид

Жозе Мурињо категорично ги отфрли шпекулациите за евентуално враќање на клупата на Реал Ма…