Дома Фудбал Англија Клуб од ПЛ му нуди на Реал 35 милиони за Лука Јовиќ

Клуб од ПЛ му нуди на Реал 35 милиони за Лука Јовиќ

Српскиот фудбалер Лука Јовиќ, според многу информации од Шпанија, нема долго да се задржи на Бернабеу.

Јовиќ пристигна во Реал летото 2019. година од Ајнтрахт, но не ги оправда очекувањата и веќе се месеци се шпекулира дека ќе ја промени средината.

Шпекулациите не престануваат ни откако Зидан најави дека ќе смета младиот напаѓач и наредната сезона, па така сега се споменува заминување во Англија, поточно во Лестер кој нуди 35 милиони евра.

Медиумите од Островот пишуваат дека Роџерс го гледа Јовиќ како дел од тандем со најдобриот стрелец во екипата Варди, а Лисиците наводно го контактирале и агентот на играчот.

Исто така се споменува дека Лестер и претходното лето сакал да го донесе Јовиќ, но тогаш немале шанси за преговори со Реал Мадрид.

Во актуелната сезона Јовиќ за Реал постигна само два погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хименез промаши пенал после 21 реализирани во низа, но дали ВАР погреши?

Севиља со минимални 1:0 го победи Волвс и се пласира во полуфиналето на ЛЕ, меѓутоа овој н…