Дома Трансфер зона Клубови кои најмногу потрошија на трансфер пазарот: Милан на врвот!

Клубови кои најмногу потрошија на трансфер пазарот: Милан на врвот!

Се наближува самиот финиш од преодниот рок, па до сега видовме неколку големи и изненадувачки трансфери.

Иако оваа зима немаше трансфер „бомби“ како Филипе Кутињо минатата сезона, сепак неколку големи имиња ги променија своите клубови.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, најголемите трансфери оваа зима се остварија во вид на позајмици со право на откуп, па поради тоа немаше астрономски суми на пазарот.

До сега во преодниот рок најмногу потроши Милан, кој искешира точно 70 милиони евра за Пакета (35 мил) и Пијатек (35 мил).

Потоа следува Челзи со потрошени 64 милиони евра, а изненадувачки на 3-то место е Бурнмут со потрешени 33 милиони евра.

Во Топ 5 се уште Лајпциг (18 милиони) и Реал Мадрид кој потроши 17 милиони евра за трансферот на Брахим Дијаз.

Останува уште една недела до затворање на трансфер пазарот, па сигурно очекуваме уште неколку големи трансфери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…