Дома Фудбал Италија Клубовите од Серија А не сакаат да играат плеј-оф: Спремни сме да играме на три дена

Клубовите од Серија А не сакаат да играат плеј-оф: Спремни сме да играме на три дена

Италијанските медиуми вчера објавија дека клубовите од Серија А ја одбиле можноста сезоната да ја завршат со плеј-оф за шампионската титула и опстанок во најсилната конкуренција.

Раководството на Серија А преку видео линк одржа вонредна седница за да пронајде решение за новонастаната ситуација. Серија А поради коронавируост нема да сигра најмалку до 3. април, а прашање дали и тогаш ќе продолжи.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Поради тоа настана голем хаос околу тоа дали сезоната ќе се заврши. Управата на Серија А имала предлог да се игра плеј-оф за шампионот и опстанокот во лигата, меѓутоа тоа клубовите го одбиле.

Од клубоците јасно порачаа дека сакаат сезоната да ја завршат како секоја претходна. „Газета дело Спорт“ пренесува дека клубовите порачале дека немаат ништо против тоа распоредот да биде згуснат и да играат на секои три дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Два поранешни премиерлигаши се враќаат во највисокиот ранг на англискиот фудбал

Бaрнли во понеделникот го победи Шефилд Јунајтед со 2-1 и си обезбеди промоција во Премиер…