Дома Топ вести Клоп ја сака ѕвездата на Наполи – спреми 30 милиони!

Клоп ја сака ѕвездата на Наполи – спреми 30 милиони!


Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓


Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е силно заинтересиран за крилниот напаѓач на Наполи, Лоренцо Инсиње и сака да го донесе на „Енфилд“ во зимскиот преоден рок, пренесуваат италијанските медиуми.

Ливерпул, како што тврдат медиумите е подготвен да му исплати на Наполи 30 милиони евра, а Инсиње ќе добие договор вреден 6,5 милиони евра по сезона.

Преговорите за нов договор помеѓу Наполи и Инсиње се во застој веќе подолго време, па фудбалерот размислува за промена на средината, иако е дете на Наполи и поникна од академијата на клубот.

Таквата ситуација сака да ја искористи Ливерпул кој веќе спремил 30 милиони евра, па останува да видиме дали Наполи ќе ја прифати понудата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дојде како голем талент, а Анчелоти сезонава нема да смета на него?!

Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓ Турскиот суперталент Арда Ѓулер нема…