Ливерпул се вклучи во трката за потписот на дефанзивецот на Торино, Глеисон Бремер.
24-годишниот Бразилец игра одлична сезона и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Бразилецот неодамна го продолжи договорот, но јасно е дека Торино нема да може да го задржи на лето.
Интер и Јувентус силно го посакуваат дефанзивецот, но сега во трката се вклучи и Ливерпул и е спремен да го „украде“ пред носот на италијанските гиганти.
Клоп верува дека Бразилецот ќе биде идеален партнер за Ван Дајк и нема да жали пари за да го донесе на „Енфилд“.