Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е исклучително задоволен од својот тим после победата над Лајпциг во Лигата на шампиони.
Ливерпул е во лоша форма во Премиер лигата и веќе испадна од трката за титулата, па Клоп истакна дека поради тоа сите очекувале нов кикс на „црвените“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Многумина веројатно очекуваа дека повторно ќе се „лизнеме“ поради ситуацијата во која се наоѓаме, моите момци не го направија тоа и задоволен сум. Ова беше натпревар каков што посакувавме, натпревар каков што ни беше потребен во овие моменти“, изјави Клоп.
„Лајпциг можат да бидат навистина страшни, ги наттрчуваат противниците, навистина се добро физички потковани, но ги контролиравме на инзвонреден начин. Одигравме одличен натпревар и го добивме резултатот кој го заслуживме“,додаде Германецот.