Дома Фудбал Англија Клоп пронајде една мана на Обамејанг

Клоп пронајде една мана на Обамејанг

Во рамките од третото коло во Премиер лигата денес на „Енфилд“ од 18:30 часот ќе се сретнат Ливерпул и Арсенал.

Ова ќе биде дербито на колото и натпреварот кој привлекува најмногу внимание, а за голот на Ливерпул најголема опасност ќе биде Пјер Емерик Обамејанг со кого тренерот на Ливерпул имаше прилика да соработува во Борусија Дортмунд.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Клоп пред натпреварот зборуваше за Габонецот и во таа прилика кажа дека е духовит и дека во неговата игра нема некоја слабост.

„Мана на Обамејанг? Ги нема. Единствено можеби лошо се облекува. Кога играме против него правиме план како да се браниме. Се сеќавам дека во Дортмунд дојде како крилен напаѓач, а нас тогаш ни беше потребна „деветка“ затоа што замина Левандовски. На крајот се покажа како одличен центарфор. Постепено се развиваше и стана гол машина“, изјави Клоп.

И Ливерпул и Арсенал одлично ја отворија сезоната и имаат по шест бодови после два одиграни натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вистинска фудбалска бајка: Како земјата со повеќе овци од луѓе стана сензација и хит!

Фудбалската репрезентација на Фарските Острови направи вистинска сензација со победата над…