Ливерпул после 30 години минатата сезона конечно ја освои Премиер лигата, а утре во 18:30 часот ќе ја започне сезоната во која влегува како бранител на тронот.
Оваа сезона Ливерпул ќе ја отвори во натпревар против повратникот во лигата Лидс. Клоп на интересен начин го најави утрешниот натпревар.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
„Да се освои титулата и да мора да се одбрани е најубавиот проблем кој можеш да го имаш, па така против нас екипите ќе бидат дополнителмо мотивирани. Се е на нас и мораме на теренот да одговориме на вистински начин“.
Зборуваше Клоп и за принудната пауза поради коронавирусот.
„Имавме одмор кој тоа не беше бидејќи ментално тој период беше и тоа како интезивен. Потоа следуваа голем број натпревари во краток временск период, па горе-долу сме во нормален ритам“, изјави Клоп.