Четири години, толку време кажа Јирген Клоп дека ќе му биде потребно Ливерпул да освои голем трофеј кога во 2015 се претстави како нов тренер на „црвените“.
Ветувањето го исполни пет месеци пред истекот на тој рок Ливерпул ја освои Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, Јирген Клоп има 52 години и 19 години е во тренерската работа и сигурно дека му треба одмор.
На прашањето дали ќе земе одмор кога во 2022 година ќе му истече договорот со Ливерпул Клоп одговори:
„Мислам дека да. Кој може сега со сигурност да каже дека ќе дава се од себе во следните три години?“, изјави Клоп.
Клоп како тренер освен Ливерпул ги предводеше екипите на Мајнц (2001-2008) и Борусија Дортмунд (2008-2015).
Jurgen Klopp was asked if he'll take a break from management when his Liverpool contract expires… pic.twitter.com/n7vwOySAS2
— Goal (@goal) August 26, 2019