Менаџерот на Ливерпул, Јирген клоп нема да може да смета на Фабињо за утрешното гостување против Лестер.
Бразилецот, кој е стартер како централен дефанзивец ќе го пропушти дуелот со Лестер поради мускулна повреда. Се уште не е јасно дали Фабињо ќе биде спремен за дуелите со Лајпциг и Евертон.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тоа значи дека многу веројатно на утрешниот дуел ќе дебатира некој од новите засилувања кои пристигнаа во јануари – Бен Дејвис или Озан Кабак.
„Фабињо нема да биде на располагање за утрешниот дуел. Тој има лесна мускулна повреда. Во моментов не знам дали ќе биде спремен за дуелите од следната недела“, потврди Клоп.