Дома Трансфер зона Клоп носи засилување, навивачите се прашуваат: Кој е овој!?

Клоп носи засилување, навивачите се прашуваат: Кој е овој!?

Германецот во свој стил знае да изненади со ваквите играчи.

Да, веројатно никој од навивачите на Ливерпул не слушнал за овој играч, но Јирген Клоп го сака играчот за врска на Рен, Бенџамин Андре. Угледните француски медиуми се повикуваат на изворите од Англија кои пренесоја дека Ливерпул е спремен да понуди 17 милиони евра за овој 27-годишен играч.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Пред да го осудите Клоп, треба да знаете дека Андре е „кралот“ на одземени топки и пресечените напади во Лига 1, бидејќи само минатата сезона тоа му успеа дури 329 пати.

Андре во Рен пристигна 2014. година, одигра 90 натпревари и постигна само еден гол, но неговата задача не е да постигнува голови, туку да ги спречува противниците да го прават тоа.

Интересно, Клоп овој играч го прати веќе некое време, а веројатно знае и зошто, ќе видиме дали и навивачите ќе имаат прилика да го видат на дело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…