Дома Фудбал Англија Клоп: Не сум баксуз, ама не научив ништо од претходните финалиња!

Клоп: Не сум баксуз, ама не научив ништо од претходните финалиња!

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп ја даде последната пресконференција пред утрешното финале во Лигата на шампиони против Тотенхем.

Германецот има шест последователни изгубени финалиња, па тоа прашање беше неизбжно на пресконференцијата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Не сум научил ништо од претходните финалиња. Околностите се различни, ривалите се различни. Секогаш нешто е различно. Ако јас сум причината за изгубените шест финалиња по ред, тоа би бил повод за загриженост. Како тим, многу научивме по минатосезонското финале. Сега сме сосема поинаква екипа од минатата година. Многу сме поискусни“, изјави Клоп, кој не се смета себе си за баксуз.

„Не сметам дека сум баксуз. Од 2012 па наваму, со исклучок на 2017, моите тимови играа финалиња. Можеби сум светски шампион во победи во полуфиналињата во последните седум години. Ако работиш напорно среќата еден ден ќе ти се насмее, мојата цел е да освојувам трофеи“, истакна Германецот.

Клоп потврди дека Фирмињо ќе биде спремен за утрешното финале, но смета дека неговиот тим не е фаворит во финалето.

„Не мислам дека сме фаворити на овој меч. Знам дека многу луѓе мислат дека ние сме фаворити, бидејќи имавме одличен настап во Премиер лигата, а и двата натпревари со Тотенхем оваа година завршија со 2:1. Но, би бил луд ако се сметам за фаворит против Тотенхем“, заклучи Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Перез: Родри ја заслужи „Златната топка“, но не оваа година

Иако Реал Мадрид беше убеден дека Винисиус ќе ја добие „Златната топка“, таа заврши во рац…