Сите по пристигнувањето на Алисон на нос му ја извадија изјавата која Клоп ја даде по трансферот на Пол Погба, а ова е неговиот одговор…
Ливерпул изминатата недела го реализираше трансферот тежок речиси 70 милиони фунти и тоа за голман.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Таквото пазарење на Јирген Клоп ги натера навивачите на другите клубот и претставниците на медиумите, Германецот да го потсетат на она што го зборуваше по трансферот на Пол Погба во Манчестер Јунајтед.
Наречен е лицемер бидејќи на крајот и самиот ги потроши милионите за да добие голман каков што сака, а еве како менаџерот на Ливерпул одговори на тие обвиненија.
„Моја одговорност е овој клуб да биде успешен што е можно повеќе. Не можам да ја пласирам приказната за тоа како не сакаме да купуваме играчи и даваме голема сума на пари, а Ливерпул на крајот да нема успеси. Тоа не функционира“, истакна Клоп.
„Црвените“ за голманот на Рома платија 67 милиони фунти и така поставија нов рекорд кога се во прашање обештетите за чуварите на мрежата,
„Имаме многу добар тим, квалитетен состав. Скапо е да се создаде ваков тим уште подобар бидејќи подобри играчи од овие кои ги имаме не чекаат зад аголот“, заклучи менаџерот на Ливерпул.