Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп истакна дека Лео Меси е најдобриот играч кој некогаш го видел.
„Финалето беше навистина заслужена победа на Аргентина во тежок меч. После 80 минута тоа беше најдоброто финале на СП кое сум го гледал во животот. Аргентина заслужи да победи, многу се радувам за нив бидејќи долго чекаа. Најголемиот фудбалер кој сум го видел во мојот живот е Лео Меси“, истакна Клоп.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Начинот на кој тој се забавува на таа возраст треба да ни даде претстава за тоа колку долго можат да играат фудбалерите на највисоко ниво. Беше навистина задоволство да го гледам“, додаде Клоп.