Дома Фудбал Англија Клоп: И Сити немаше да биде шампион ако ги имаше нашите проблеми

Клоп: И Сити немаше да биде шампион ако ги имаше нашите проблеми

Tимот на Ливерпул е фаворит во натпреварот против Кристал Палас, а победа во овој дуел ќе значи и пласман на „црвените“ во Лигата на шампионите.

После резултатската криза во која влегоа во еден дел од сезоната излезот во Лигата на шампионите стана и главна цел на избраниците на Клоп. Германскиот стратег смета дека големиот број повреди во тимот биле причината за ситуацијата во која се нашле.

„Со тие повреди кои ги имавме немавме шанси да дојдеме до титулата. И Сити колку и да е квалитетен, ако останеше без тројца играчи во средниот ред на одреден период немаше да ја освои титулата. Поради таквите проблеми пласманот во Лигата на шампионите го сметав за краен дострел сезонава“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Aгуеро по трансферот во Барселона си купи ново „Ферари“ 📸

Искусниот аргентински напаѓач Серхио Агуеро стана нов член на Барселона и веднаш реши да с…