Дома Фудбал Англија Клоп: Еден ден за Ориги ќе се пишуваат книги

Клоп: Еден ден за Ориги ќе се пишуваат книги

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп имаше само добри зборови за резервниот напаѓач Дивок Ориги.

Оригу му донесе победа на Ливерпул на гостувањето кај Вулверхемптон со гол во 94-та минута, а на Клоп му е жал што му дава мала минутажа.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


„Дивок е одличен играч и личност. Легенда! Еден ден за него ќе се пишуваат книги“, изјави Клоп.

„Тој е неверојатен напаѓач, но од различни причини не игра толку често. Се надевам дека еден ден ќе најде тренер кој ќе му даде повеќе шанси од мене. Имаме одлични напаѓачи, така што тој не игра многу. И покрај тоа, Ориги повторно го сака клубот и дава свој придонес секогаш кога може“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алегри го менува Тен Хаг во Манчестер Јунајтед

Искусниот италијански стратег Масимилиано Алегри наскоро би можел да седне на кормилото на…