Дома Фудбал Англија Клоп: Дуелот со Сити е најголем предизвик, немаат слабости

Клоп: Дуелот со Сити е најголем предизвик, немаат слабости

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека ривалството со Манчестер Сити многу помогнало во развојот на неговиот тим.

Во недела двата тима ќе ги одмерат силите, а дуелот најверојатно ќе биде одлучувачки за титула, бидејќи разликата на табелата во мометов е само еден бод.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Очекувам добар меч. Често тоа не се случува кога еден против друг излегуваат два големи тима. Но нашите натпревари со Сити секогаш се интересни за гледање, бидејќи и двата тима сакаат да победат и се создаваат многу шанси“, изјави Клоп.

„Кога играш фудбал на највисоко ниво си сконцентриран врз твоите натпревари. Во спортот генерално многу помага да имаш силен противник. Со сигурност Сити многу ни помогна во нашиот развој. Утрешниот меч е голем предизвик за мене, тие се тим кои едноставно нема слабости“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Финалето во ЛШ во 2027 во Франција?

Култниот „Велодром“ на Олимпик Марсеј е подготвен да ја преземе организацијата на финалето…