Дома Фудбал Англија Клоп го прокоментира заминувањето на Фабињо: Во Англија медиумите се „луди“

Клоп го прокоментира заминувањето на Фабињо: Во Англија медиумите се „луди“

Јирген Клоп денес на конференцијата за медиумите го коментираше потенцијалното заминување на Фабињо од Ливерпул.

Како што се наведува за него е заинтересиран Милан, но германскиот стратег смета дека тоа се глупости пласирани од медиумите во Англија.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Дали се вклопува? Да. Играше и игра добро, се е во ред. Сега доаѓа најинтензивен период од годината, неверојатно е колку натпревари имаме. Добро е тоа, знаевме за тоа“, истакна Јирген Клоп кој наговести дека Фабињо ќе добие шанса во следниот период.

Смета дека е „лудо“, тоа што некои медиуми мислат дека тој ќе замине во јануари.

„Секако дека нема да замине. Не сакам да зборувам за трансферите, но ако ме прашате, никој одовде не оди никаде“, заклучи Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

(Видео) Гвардиола ги загуби нервите: Фудбалскиот свет изненаден поради тоа што го направи Пеп по натпреварот

Њукасл и Манчестер Сити играа синоќа на стадионот „Сент Џејмс“ дерби од 12-то коло на Прем…