Дома Топ вести Клоп во Шпанија најде идеален партнер за Ван Дајк

Клоп во Шпанија најде идеален партнер за Ван Дајк

Ливерпул од доаѓањето  на Јирген Клоп на клупата прави исклучително добри трансфери и тоа позитивно се одразува на играта на „црвените“.

Многумина сметаат дека Ливерпул има добар ростер, но дека во одбраната е потребен уште еден квалитетен дефанзивец кој ќе биде идеален партнер на Ван Дајк.

Дејан Ловрен и Џо Гомез не се играчи од тој калибар, притоа се склони на повреди и долги отсуства, па поради тоа приоритет на Клоп ќе биде доведување централен дефанзивец.

Прва мета е дефанзивецот на Севиља, Диего Карлос, кој со своите добри партии оваа сезона го привлече вниманието на многу европски гиганти. Тој ова лето пристигна од Нант за 15 милиони евра и веднаш покажа класа.

26-годишниот дефанзивец е на радарот на Реал Мадрид и Барселона, но Ливерпул е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе спремиле понуда од 50 милиони евра.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Спортскиот директор на Интер со порака до Барса: Го сакате Лаутаро? Ова е условот!

Од Интер потврдија дека Барселона ги контактирала за доведување на Лаутаро Мартинез. На Ба…