Дома Фудбал Лига на шампиони Клатенбург призна дека намерно досудил непостоечки пенал за Атлетико против Реал во финалето од ЛШ

Клатенбург призна дека намерно досудил непостоечки пенал за Атлетико против Реал во финалето од ЛШ

Поранешниот судија Марк Клатенбург призна дека намерно досудил пенал за Атлетико Мадрид против Реал Мадрид во финалето од Лигата на шампиони во 2016 година.

Клатенбург веќе во неколку наврати самиот призна дека голот на Серхио Рамос во финалето меѓу Реал и Атлетико бил постигнат од офсајд, но сега призна дека како компензација им досудил пенал на „јорганџиите“.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


„Фаулот на Пепе врз Торес беше можност да компензирам, беше 50-50, можеше и да не се досуди пенал, но одлучив да досудам за да ја компензирам грешката од голот на Рамос“, призна Клатенбург.

„После тоа, Гризман шутна и не погоди, а јас си го помислив следното: Ова е перфектен ден за еден судија. До ден денеска ќе ме обвинуваа мене, но сега не можат бидејќи Гризман имаше своја шанса со пеналот“, додаде англискиот судија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барди заработи два жолти картони во пет минути во триумфот на Коњаспор

Коњаспор со резултат 2-1 го совлада Башакшехир, а натпреварот ќе остане во лошо сеќавање з…