Дома Видео Класата е вечна: Ромарио е мајстор и на 58 години 🎥

Класата е вечна: Ромарио е мајстор и на 58 години 🎥

Легендарниот бразилски фудбалер Ромарио се врати на тренинзите на 58 години, речиси две децении откако стави крај на својата играчка кариера, а му беа потребни само неколку минути да покаже што умее.

Ромарио, светски шампион со Бразил во 1994 година, постигна два гола додека тренираше со многу помладите играчи на фудбалскиот клуб Америка од Рио де Жанеиро, чиј претседател е самиот тој.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Америка оваа година ќе се натпреварува во втората дивизија на Државниот шампионат во Рио де Жанеиро. Дел од тимот е и Ромарињо, еден од синовите на поранешната ѕвезда на Барселона.

„Мојата најголема цел овде е да имам можност да играм со мојот син. Многу спортисти ја имаат оваа цел. Леброн Џејмс сака да игра со својот син следната сезона во НБА. Таа шанса ја имаше и Ривалдо. И јас го сакам тоа“, изјави Ромарио на новинарите по тренингот во четвртокот.

Уморен по тренингот, Ромарио се пошегува дека наскоро ќе му треба носилка.

„За човек кој не тренирал 16 години, успеав малку да трчам. Сакам да разјаснам една работа – нема да играм цело првенство. Мојата идеја е да одиграм неколку минути на некои натпревари. Најважен е клубот“, изјави Ромарио.

Америка ќе го одигра првиот лигашки натпревар на 18 мај. Ромарио стана претседател на тој клуб во 2023 година, со цел да го врати во првата лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…