Дома Останати Тенис Кирјос за скандалот со Ѓоковиќ реагираше со прашање

Кирјос за скандалот со Ѓоковиќ реагираше со прашање

Новак Ѓоковиќ беше исфрлен од УС Опен откако ја погоди судијката со топче во глава, реакцијата која се чекаше секако е онаа на Ник Кирјос.

Контроверзниот тенисер е познат како човек кој не го сака српскиот тенисер и се очекуваше тој да се огласи после скандалот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Кирјос во минатото учествуваше во бројни скандали, а сега постави едно прашање.

„Замислете ме мене и Џокер во овој инцидент. Случајно погодување на собирач на топка во грло. Колку години забрана би добил? 5, 10 или 20 години“, запраша Кирјос.

Ќе потсетиме, Ѓоковиќ освен исфрлувањето е казнет со одземање на бодови и нема да му бидат доделени парите кои ги заработи до сега на турнирот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Познат терминот на првиот меч на Ѓоковиќ на Ју-Ес Опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ дозна кога ќе го игра мечот од првото коло на Отвореното пр…