Повремениот македонски репрезентативец Кире Маркоски и во претстојната сезона ќе го носи дресот на Работнички. Тој потпиша нов договор со клубот од Дебар Маало и се обврза на верност до крајот на 2024 година.
Маркоски имаше одлични настапи минатата сезона и взаемна беше желбата за продолжување на соработката со крилниот напаѓач.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Тој на почетокот на 2023 година се врати во Работнички, каде играше и во периодот од 2012 до 2018 година. Во Македонија, Маркоски настапуваше и за Вардар, Шкендија, Шкупи и за Академија Пандев, а градеше и интернационална кариера во АЕЛ Лимасол (Кипар), Спартак Трнава (Словачка).
Маркоски беше дел од „златната генерација“ млади фудбалери која со Македонија учествуваше на Европското првенство за фудбалери до 21 година, а има и пет настапи за сениорскиот национален тим.