Дома Фудбал Кимих: Зошто бев заменет? Прашајте го тренерот

Кимих: Зошто бев заменет? Прашајте го тренерот

БАЕРН и Баер Леверкузен со нерешени 2:2 го отворија четвртото коло во Бундес лигата. Еден од најдобрите играчи на Баерн, Џошуа Кимих беше заменет во 61. минута.

Новинарите по натпреварот го прашаа дали е повреден. Тој само се насмевна и рече „Прашајте го тренерот“, пренесува Бен Хекнер известувачот на Sky Sports.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Хари Кејн со глава го отвори натпреварот во Минхен по корнер во седмата минута, но гостите израмнија во 24. минута. Левиот бек Алекс Грималдо постигна спектакуларен гол од слободен удар од повеќе од 25 метри. Полувремето заврши со резултат 1:1.

Баерн долго го чекаше вториот гол. Во 86 минута Леон Горецка погоди на асистенција на Тел. Но, тоа не беше крајот. Во четвртата минута од судиското надополнување, Хофман беше соборен во шеснаесетникот на Баерн, а Паласиос беше прецизен од белата точка за конечни 2:2.

Упамекано погоди во 98. минута, но судијата го поништи неговиот гол поради офсајд. Леверкузен предводен од Чаби Алонсо е прв со десет бода, исто толку колку и Баерн, но со подобра гол-разлика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Млад македонски голман ќе брани за Партизан!

Младиот македонски голман Павел Трајковски направи значаен исчекор во својата кариера отка…