Дома Македонски спорт Мак ракомет Кил пресилен за Еурофарм Пелистер

Кил пресилен за Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер го запиша 12-от пораз од исто толку натпревари во Лигата на шампиони, откако вечерва загуби од Кил (29:23).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Еурофарм Пелистер одигра ужасно прво полувреме, па Кил натпреварот го отвори со предност 6:1, потоа беше и 11:4, а на одмор замина со девет гола предност. Во второто полувреме Кил можеше да си дозволи и мало опуштање па така македонскиот шампион ја намали негативата, но Кил рутински стигна до победа од 29:23.

Богдан Радивојевиќ со шест и Жарко Пешевски со четири гола беа најефикасни кај Пелистер, а голманот Лесјак, заврши со 11 интервенции.

Фото: Еурофарм Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …