Легендата на Јувентус и италијанскиот фудбал, Џорџо Киелини би можел да ја заврши кариерата доколку „аѕурите“ не се пласираат на Светското првенство во Катар, пренесува „Газета дело спорт“.




Италија ќе игра бараж против Македонија во Палермо, а доколку победи, во финалето за виза за СП ќе гостува во Португалија или Турција.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Ветеранот сака да игра на Светското првенство во Катар, а доколку Италија не успее да се пласира, тогаш сигурно ќе стави крај на кариерата.




Во спротивно ќе го продолжи договорот со Јувентус на уште една година, за да може да настапи на Мундијалот.