Јувентус синоќа со ремито против Рома го освои седмото последователно Скудето во Серија А.
„Бјанконерите“ успеаа да ја добијат битката за Наполи, иако до пред само две кола имаа само еден бод предност, после поразот во Торино.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Синоќа, ветеранот Џорџо Киелини не пропушти прилика да го „пецне“ големиот ривал и им порана на Наполитанците дека многу рано почнале да се радуваат.
„Одлична и многу важна сезона е пред својот крај. Се уште не сме свесни што постигнавме. Пишуваме нови страници во историјата, кои тешко ќе бидат повторени. Постигнавме нешто уникатно“, изјави Килеини.
„Губевме во Милано во второто полувреме, но сите оние кои не критикуваа, всушност не мотивираа. Многу луѓе покажаа недосток на почит кон нас, но ние сме со медал на градите. Ние сме најдобрите. Некои почнаа да се радуваат премногу рано“, истакна Киелини.
Campioni d'Italia! From #HI5TORY to #LE6END to #MY7H!
???????#FinoAllaFine #ForzaJuve pic.twitter.com/BOqSiVptjk
— JuventusFC (@juventusfcen) May 13, 2018