Фудбалската репрезентација на Италија се пласираше во големото финале на Европското првенство. Одличен натпревар за „Аѕурите“ одигра Федерико Киеза кој беше прогласен за играч на мечот.
Киеза беше стрелец во регуларниот дел кој заврши 1:1, како и дополнителните 30 минути. Во пенал серијата Италија беше поуспешна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Шпанија беше фантастична, тие имаат големи ѕвезди во сите линии. Ние се боревме до крај затоа што сакавме да играме во тоа финале. Нашата тимска игра повторно направи разлика. Дури и кога Локатали го промаши пеналот, сите верувавме. Бевме мирни и си зборувавме дека можеме до победа“.
„Не можам со зборови да ги искажам моите емоции. Ќе видиме како се ќе изгледа на 11. Јули“, изјави крилниот играч на Јувентус.